Литература

„Магијата на приказните“ со најубавите бајки на сите времиња

05.04.2024.
„Магијата на приказните“ со најубавите бајки на сите времиња
„Магијата на приказните“ со најубавите бајки на сите времиња

Магијата на приказните е безгранична! Приказните ги учат децата на сите животни лекции. Им помагаат да сознаат што е добро, а што е лошо, како си ги распознаат своите емоции, како да постапуваат во различни ситуации... Приказните, исто така, ги потсетуваат возрасните на најдобрите човечки особини.

Преку ликовите од најубавите приказни, со кои растеле многу генерации, како: Црвенкапа, Пепелашка, Снежана, Мачорот во чизми, Убавицата... можат да се согледаат важни животни поуки. Овие приказни, адаптирани и уредени, соодветно на новото време и на новите генерации читатели, се дел од новото луксузно издание за деца „Си беше еднаш“, со најубавите бајки на сите времиња.

Со оваа книга, уредена од Оливера Ќорвезироска и раскошно илустрирани од Наталија Лукомска, издавачката куќа „Арс Ламина“ го одбележа Светскиот ден на книгите за деца и воедно ја почна кампањата „Магијата на приказните“, што втора година по ред ја споделува со своите читатели. Со оваа кампања, потсетуваме на волшебното, но и едукативно влијание на книгите при растењето и воспитувањето на децата. „Магијата на приказните“, во чијшто фокус се сликовниците за деца во издание на „Либи“, импринтот за детска литература на „Арс Ламина“.

– Приказните за деца, спакувани во сликовниците и илустрираните книги за деца, се првата литература со којашто се запознаваат децата. Во светот на книгите влегуваат најпрвин слушајќи ги приказните што им ги читаат возрасните, а потоа, кога ќе се описменат, и самите ја сознаваат магијата на пишаниот збор. Со секоја книга се отвора нов волшебен свет пред младите (и идните) читатели. „Си беше еднаш“ ја објавивме силно убедени дека секое дете има право на своја прва средба со бајките со кои пораснале генерации и генерации претходно, заедно со нивните родители, нивните баби и дедовци. Да им читаме на децата покрај нас и во нас, да читаме заедно со нив, за заспивање и за будење, за воспитување и за уживање, за развивање на мечтите и на чувството за праведност – велат од „Арс Ламина“.

Инаку, Светскиот ден на книгите за деца се одбележува на втори април, во чест на роденденот на славниот данскиот книжевник и еден од најголемите писатели за деца Ханс Кристијан Андерсен (1805 – 1875). Всушност, најпознатите бајки од Андерсен, заедно со приказни од браќата Грим и Шарл Перо, се најдоа во оваа книгата-ковчеже избор од 52 најубавите бајки на сите времиња, по една за секоја недела во годината.

Препрочитувајќи ги бајките, малите и големи читатели ќе се препознаат во ликовите. Дали вие имате омилен лик или некој со кој се идентификувате? Дали сакате да откриете во која бајка припаѓате?

Во рамките на оваа кампања, следете ја страницата на „Арс Ламина“ на „Фејсбук“ и дознајте како ве отсликува вашиот омилен лик...

 

„Си беше еднаш“ е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

 

https://www.literatura.mk/slikovnici-so-tvrdi-stranici/49405-si-bese-ednas

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 1.290 МКД
20,87 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
02.
May.
Рецензии
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат...
03.
Apr.
Рецензии
Роман што живее долго во вашата потсвест како дел од преживеаната популација по ковид-пандемијата, и отвора теми што ќе ви бидат интригантни за истражување.&...
23.
Mar.
Рецензии
Стела Хадсон е АНИ- адвокат за најдобар интерес, специфична професија во која целосно се впуштила по преживеана лична траума.
14.
Mar.
Рецензии
Никогаш доста од книги што ја слават женската сила! Првата книга е за генијалноста зад убавината, а втората за генијалноста зад генијалецот. Авторката Мери Б...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.06 MB