Литература

„Семејни тајни“ од Лијан Моријарти е нов возбудлив трилер што отвора морални дилеми

01.07.2024.
„Семејни тајни“ од Лијан Моријарти е нов возбудлив трилер што отвора морални дилеми
„Семејни тајни“ од Лијан Моријарти е нов возбудлив трилер што отвора морални дилеми

Од авторката на бестселерите „Девет совршени туѓинци“, „Три желби“ и „Последната годишнина“, Лијан Моријарти, од печат излезе романот „Семејни тајни“. Овој интернационален бестселер на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со Анет Бенинг, Сем Нил, Џејк Лејси и Алисон Бри во главните улоги.

Во фокусот на оваа приказна на Моријарти е семејството Делејни, чии членови многу се сакаат, но понекогаш им доаѓа да се испоубијат меѓу себе...

Читателот е исправен пред моралната дилема, доколку исчезне вашата мајка, дали ќе пријавите во полиција? Дури и ако најочигледниот осомничен е вашиот татко? Ова е дилемата со која се соочуваат четворицата браќа и сестри од семејството Делејни.

Делејни се столб во својата заедница. На родителите, Стен и Џој, им завидуваат сите пријатели. Тие се „убијци“ на тенискиот терен, а надвор од него нивната хемија е речиси опиплива. Но, по педесет години брак, тие конечно ја продаваат прочуената тениска академија и се подготвени да почнат да ги живеат златните години од нивните животи. Тогаш зошто Стен и Џој се чувствуваат толку мизерно?

Нивните деца – Ејми, Логан, Трој и Брук – биле тениски ѕвезди во детството, но, според нивниот татко, никој од нив го немал она што е потребно за да оди докрај. Но, тоа е во ред, особено сега кога се возрасни и реализирани луѓе со прекрасна можност за внуци на хоризонтот.

Една вечер, непозната девојка по име Савана тропа на вратата на Стен и Џој, раскрвавена по расправијата со момчето. Делејни се и повеќе од среќни да помогнат. Ако тоа е сè што бара таа.

Подоцна, откако ќе исчезне Џој, а Савана е тешко да се најде, полицијата ја испрашува единствената личност која преостанува: Стен. Но, за некој што тврди дека е невин, тој, како и многу сопрузи, изгледа дека крие нешто. Двајца од децата Делејни мислат дека татко им е невин, а двајца не се толку сигурни. Двете спротивставени страни го имаат најголемиот меч кога било, да ја преиспитаат семејната историја во една нова светлина.

Оваа мистерија се расплетува во фрагменти – каде е и исчезнато тело? Но, секој сведок има своја страна на приказната. Книгата се препорачува за сите љубители на мистерии, трилер и крими-романи.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/krimitriler/52396-semejni-tajni

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 590 МКД
9,55 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 450 МКД
7,28 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 480 МКД
7,77 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Sep.
Рецензии
„Случајно Ејми“ е слатка романса, напишана во манирот на модерните врски што напоредно созреваат со растењето на ликовите.
22.
Aug.
Рецензии
Берис Беј. Магично гратче во Онтарио сместено покрај езерото Каманискег, вечен споменар на децата и на тинејџерите: врежани иницијали на клупи и на стебла, м...
08.
Aug.
Рецензии
Љубовната ролна на Луси и на Феликс се одмотува на идиличниот остров Принц Едвард. Овој малечок остров, со огнени кражбрежја што црвенеат под врелите бакнежи...
30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
14.
Jun.
Рецензии
Лили Кинг е aвторка со препознатлив фабуларен и стилски сензибилитет. Нејзините романи се остроумно смислени љубовни триаголници.
09.
May.
Рецензии
Ребекa Серл го користи магичниот реализам за да ја прошета романсата до другиот крај. Нејзините приказни се книжевни гнезда на страст и стил со богата емоцио...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.9 MB