Рецензии

Рецензии

„Хамнет“ — (С)поменот изгубен меѓу солилоквиумите
31.
Jan
Во „Хамнет“ Меги ОʼФерел не го деградира големиот поет и драматург, туку го намалува неговото значење, го приземјува генијот до човек.
„Што се случи со Исидора?“ - Гребење по семејната ламперија
16.
Nov
Морничав трилер за семејната драма, за вечната имотна борба што има за задача да ја потврди моќта на генетиката. Во романот е отсликана и романса, романсата за родниот дом и корените, колку тие да се болни и соголени од горки и солени спомени, така што грандиозната и мрачна „Света Марина“ е уште еден лик што со својата мраморност придонесува за чкрипливата атмосфера во романот.
Дамски гамбит - За пионите што стануваат кралски ловци
22.
Jan
Сицилијанска одбрана - е инвазивна и често агресивна техника во шахот на црните наспроти белите фигури, која ја играат дури 17 % од светските велемајстори во шах. Ваквиот тип на отворање им овозможува на црните фигури небалансирана позиција со 50-50 шанси за победа на двајцата играчи и изобилува со динамички тактички и стратегиски можности.
Две жени, две судбини, една неправедна историја
14.
Mar
Никогаш доста од книги што ја слават женската сила! Првата книга е за генијалноста зад убавината, а втората за генијалноста зад генијалецот. Авторката Мери Бенедикт инспирацијата за главните хероини во нејзините романи ја позајмува од историјата.
Дејзи Џоунс енд Д Сикс – маргаритки, трње и 100 децибели
11.
Oct
Секогаш е нова книжевна авантура кога читателот се впушта во дело на Тејлор Џенкинс Рејд. 
Пет книжевни острови што ќе посакате да ги посетите во аранжман на „Арс Ламина“
04.
Jul
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира по прочитот заедно со приказната, наметната како уште еден статичен лик.
Прво читање на „Што се случи со Исидора?“ од Јана Мишо
29.
Oct
„Најстарото и најсилното човеково чувство е стравот, а најстариот вид на стравот е страв од непознатото“ напиша големиот Харолд П. Ловкрафт. А понепознато од сопствениот ум нема.
Рецензија: „Што се случи со Исидора?“ е роман за кревкоста на менталното здравје
30.
Oct
Уште на самиот почеток заедно со Исидора влегувате во една траорна, мачна атмосфера со веста за смртта на нејзината мајка, авангардната, екстравагантна и светски славна писателка Ноемија Нера. Каприциозната, скандалозна, надмена и разгалена како филмска ѕвезда, Ноемија, жената што можеби и не требало да стане мајка, и по смртта, продолжува да биде мајкиште, повеќе маќеа одошто мајка, кучка, ако сакате, зашто сиот имот (а не е малку) го остава само на една од ќерките, со услов да не го продава ниту подарува во наредните десет години.
Романите на Сара Пеканен - индигото помеѓу книжевноста и психологијата
02.
May
Одлика на Сара Пеканен е да се фокусира на порозивноста на човечката психологија, вклучително маските, фасадите и филтрите што главните ликови ги одгледуваат за да се интегрираат во општеството или да надминат катастрофален внатрешен конфликт.
Случајот Винча — несреќа што поттикнала медицинска храброст
17.
Oct
Година 1958. Мирно октомвриско попладне на Универзитетот за нуклеарни науки во населбата Винча, Белград. Шестмина во просторијата со реакторот на нулта сила.
Читателско доживување на романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски во издание на „Арс Ламина“
30.
Jul
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.35 MB