Ново

Топ 10 новитети за подарок

21.12.2023.
Топ 10 новитети за подарок
Топ 10 новитети за подарок

Одбројуваме до крајот на 2023 година со неколку наслови новитети, во издание на „Арс Либрис“ – дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за жанровски разновидни книги, фикција, нефикција и сликовници за деца, избор за сите читателски преференции, кои се совршен подарок за празниците и за почеток на новата 2024 со квалитетни изданија.

1. ПОВИК ЗА СПАС – ДАНИЕЛЕ МЕНКАРЕЛИ

Јуни 1984 година. Дваесет и четиригодишниот Даниеле се буди во болничка соба, збунет и опкружен со странци. Полека му се враќа сеќавањето на претходната вечер: спирала од вознемиреност и гнев, експлозија од насилство толку интензивна што речиси нанесува непоправлива штета нему и на неговото семејство... Сиот вџасен, од лекарите дознава дека е осуден на еднонеделно задолжително лекување на психијатрискиот оддел.

Фокусирајќи се на некои од најмаргинализираните луѓе во нашето општество, Менкарели напиша срцепарателен и незаборавен роман што го преиспитува нашето поимање на нормалноста, славејќи ја спасоносната моќ на солидарноста и ранливоста.

Жанр: современа фикција, ментално здравје

https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/42449-povik-za-spas

 

2. АФЕРАТА КРИСТИ – НИНА ДЕ ГРАМОНТ

„Аферата Кристи“ од американската авторка Нина де Грамонт е роман што се заснова на вистински настан – необјаснивото единаесетдневно исчезнување и потрага по Агата Кристи што го остави светот без здив. Иакo базиран на овој настан, романот на Де Грамонт е фикција и плод на нејзината фантазија преточена во интригантно четиво. Во оваа возбудлива псевдореконструкција на единаесетте дена исчезнување на Агата Кристи, Нина де Грамонт создава заплет полн со неверојатни пресврти и неколку паралелни приказни, каде што ништо не е така како што изгледа на прв поглед. „Аферата Кристи“ е вешто осмислен роман, како и делата на самата Агата Кристи.

Жанр: мистерија, трилер, психолошка драма

https://www.literatura.mk/krimitriler/42606-aferata-kristi

 

3. ПЕТМИНУТНА ТЕРАПИЈА – САРА КРОЗБИ

„Петминутна терапија“ лесно и едноставно помага во процесот да се биде најдобра верзија од себеси. Кој сум јас? Што воопшто значи таа страшна фраза „Само биди свој“? Што значи да се биде „автентичен“? Во „Петминутна терапија“, психотерапевтката Сара Крозби ќе ти помогне да ги најдеш одговорите на овие прашања со помош на психолошки истражувања, вежби и насоки што можеш да ги примениш во твојот живот, чекор по чекор. Вклучувајќи ги поглавјата приврзаност, граници, разговор со себеси, тригери, кородителство и др., оваа книга ќе ти помогне да ги најдеш долгопосакуваната среќа, самодоверба и смиреност во себе и во твоите односи со другите луѓе.

Жанр: самопомош, психологија

https://www.literatura.mk/psihologija-publicistika/36462-petminutna-terapija

 

4. ЖЕНИ, ХРАНА И ХОРМОНИ – Д-Р САРА ГОТФРИД

Четиринеделен план за постигнување на хормонален баланс, да изгубите тежина и за да се почувствувате повторно свои. Повеќето диететски програми се создадени од мажи за мажи, но телото на жените не функционира на ист начин. Овие популарни програми, всушност, можат дури и да им го отежнат слабеењето на жените, бидејќи можат да направат хаос на сложениот и нежен хормонален систем на жената. Д-р Сара Готфрид ја има поминато својата кариера демистифицирајќи ги хормоните и помагајќи им на пациентите да го подобрат своето здравје со помош на персонализирани медицински третмани со револуционерен нов план за баланс на хормоните и тежината.

Жанр: самопомош, здравје

https://www.literatura.mk/zdravje-i-zivot/39148-zeni-hrana-i-hormoni

 

5. КАКО ДА ПРАВИТЕ НИШТО – ЏЕНИ ОДЕЛ

Се чини невозможно да се избегне денешниот свет во кој технологијата е дизајнирана да го купува и да го продава нашето внимание, а нашата вредност е одредена од нашата продуктивност со податоци нонстоп. Но, во овој инспиративен водич за отфрлање на економијата на вниманието, Џени Одел ни покажува како можеме да си ги вратиме нашите животи. Таа го гледа нашето внимание како најскапоцен, но и најискористен ресурс што го имаме. И мораме активно да избираме како го користиме. Откако ќе почнеме да обрнуваме нов вид внимание можеме да преземеме посмели форми на политичка акција и да постигнеме посуштинско разбирање на среќата и прогресот.

Жанр: самопомош, психологија, филозофија

https://www.literatura.mk/motivacija-i-samopomos/39821-kako-da-pravite-nisto

 

6. СИЛВЕРВЈУ – ЏОН ЛЕ КАРЕ

Џулијан Лондсли се откажува од неговата високоплатена работа во Лондон и отвора книжарница во мало англиско приморско гратче. Една вечер, Џулијан е посетен од непознат човек. Едвард, полски имигрант кој живее во Силвервју, голема куќа на крајот од градот, изгледа дека знае многу за семејството на Џулијан и е премногу заинтересиран за внатрешните работи на неговиот нов бизнис. Кога на вратата на шефот на шпионите ќе се појави писмо со предупредување за опасно истекување информации, истрагата го води во ова тивко место покрај морето... Во ова последно дело Џон ле Каре нè прашува што ù должиме на државата што веќе не ја препознаваме.

Жанр: шпионски трилер

https://www.literatura.mk/krimitriler/41989-silvervju

 

7. МОЈАТА ЉУБОВНА ПРИКАЗНА – ТИНА ТАРНЕР

Од младоста во Нетбуш, Тенеси, преку патот до славата со Ајк Тарнер, до нејзиниот фантастичен успех во осумдесеттите години на 20 век и подоцна, Тина искрено ја преиспитува својата лична приказна – искушенија, достигнувања и сè помеѓу. Соочена со низа здравствени проблеми и семејни трагедии што ù се случија во последните неколку години, Тина се осврнува на својот неверојатен животен пат, пронаоѓајќи смиреност и цел дури и во најмрачните моменти. „Мојата љубовна приказна“ е силна и инспиративна приказна за жена која била доволно храбра да ја надмине секоја пречка што ù се испречила на патот.

Жанр: мемоари

https://www.literatura.mk/biografii-i-memoari-publicistika/41463-mojata-ljubovna-prikazna

 

8. ПРИРОДНА НЕГА ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ – ВИКИ АНДОНОВА

„Природна нега за вашето дете“ претставува мал практичен водич за грижа и нега на децата на природен начин, опфаќајќи повеќе аспекти поврзани со животот на новороденчето и неговиот раст и развој. Во ова дело се разгледуваат сите најчести проблеми со кои се соочуваат родителите, од раѓање на децата до пубертетот, а со цел да се подготват за понатамошниот живот како возрасни личности кои на најдобар начин ќе се грижат за себе, за своето здравје и за својот изглед. Оваа книга е дело на авторката Вики Андонова во соработка со италијански и домашни експерти за секое поле опфатено во овој труд и се плод на долгогодишна работа и докажани како ефикасни.

Жанр: самопомош, здравје, родителство

https://www.literatura.mk/roditelstvo/43026-prirodna-nega-za-vaseto-dete

 

9. Е, БАШ МЕ ЗАБОЛЕ! – ДНЕВНИК – МАРК МЕНСОН

Од авторот на најпродаваните книги од популарната психологија кај нас, „Е, баш ме заболе: суптилна уметност на живеењето или како да не ти е гајле за неважните нешта“ и „Сè е за*бано – книга за надежта“, ни доаѓа интерактивен дневник замислен како дополнување на неговите книги. Со сета острина на изразите на Марк Менсон и неповторливиот глас што јасно ви дава на знаење што е „обесување“, а што искрен говор, овој дневник не е дополнителна обврска „еднаш дневно“ или „еднаш неделно“. Можете да го користите кога и да посакате, а можете и да си кажете: Е, баш ме заболе, и да го оставите некое време, па да му се навратите кога ќе ви текне.

Жанр: самопомош, личен развој

https://www.literatura.mk/motivacija-i-samopomos/33965-e-bas-me-zabole-dnevnik

 

10. КОЊЧЕТО ИСКРА, ДЕЛФИНОТ ДУЛЕ И СЛОНОТ КИРЕ – МАЈА МИШЕВСКА

Децата живеат во фантазија, каде што оживуваат сите играчки, каде што секој може да биде што ќе посака. Таму најчесто е шарено, шеќерно и безгрижно. Тоа е цел свет исполнет со среќа. Дете кое фантазира е вистински благодат. Децата, освен да фантазираат, сакаат и да се натпреваруваат. Понекогаш победник може да биде тој што му помогнал некому во неволја, а не тој што прв стигнал на целта.

Да се биде пожртвуван и љубезен е најголемата победа на светот. За какво и чувство да станува збор, тука се Искра, Дуле и Кире, кои ќе ви помогнат да го прифатите светот околу вас.

Жанр: сликовници за деца, емоции

https://www.literatura.mk/proizvodi?author=%D0%9C%D0%B0%D1%98%D0%B0+%D0%9C%D0%B8%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
890 МКД
14,40 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
300 МКД
4,85 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
450 МКД
7,28 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
220 МКД
3,56 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
220 МКД
3,56 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
220 МКД
3,56 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

15.
Apr.
Ново
Станува збор за книжевно-ликовна приказна на кирилско и на Брајово писмо, за она што се гледа и за она што не може да се види. Метафорични очи во кои живеат ...
06.
Mar.
Ново
„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од п...
05.
Mar.
Ново
Од креаторот на „Валјутејнмент“ (Valuetainment), број 1 канал на „Јутјуб“ за претприемачи и „еден од највозбудливите мислители&...
02.
Feb.
Ново
Книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музич...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
10.
Jan.
Ново
Книжарницата „Литература.мк Суперстор“ и кафе-барот „Кафе Литература“ ја почнаа својата нова приказна на нова станица, во рамките на ...
25.
Dec.
Ново
Ракописот „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова е победник на петтото издание на книжевната награда „Пегаз“ за на...
15.
Dec.
Ново
Под слоганот „Најдоброто станува подобро“, „Литература.мк“ го најави спојувањето со „КупиКнига.мк“ во една е-книжарница. ...
07.
Dec.
Ново
Разиграјте ги претпразничните моменти на своите најмили и подарете новогодишни смарт пакетчиња исполнети со новогодишни книги и сликовници, боенки, изда...
29.
Nov.
Ново
Авторката Вики Андонова вчера (28 ноември) во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ја промовираше својата книга „Природн...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.48 MB