Вести

Го одбележуваме 60-от роденденот на Џ. К. Роулинг, авторката на книгите за Хари Потер

31.07.2025.
Го одбележуваме 60-от роденденот на Џ. К. Роулинг, авторката на книгите за Хари Потер
Го одбележуваме 60-от роденденот на Џ. К. Роулинг, авторката на книгите за Хари Потер

„Мислам дека не е опасно да дозволите вашите деца да фантазираат. Всушност, забраната за фантазија е една од најдеструктивните работи.” Џ. К. Роулинг

На денешен ден (31 јули) пред 60 години во Јејт, Англија, е родена Џ. К. Роулинг, авторка на популарниот книжевен серијал за младиот волшебник – Хари Потер.

Идејата за Хари Потер ја добила уште во 1990 година, за време на едно долго патување со воз од Манчестер кон Лондон. Нацртите од нејзиниот прв роман ги запишувала на салфета во еден паб.

Откако била одбиена од 12 издавачи, Роулинг ја издава „Хари Потер и каменот на мудроста“ преку куќата „Блумсбери“ во 1997 година. Другото е веќе историја, затоа што серијалот, кој ќе се протега низ седум книги и уште неколку придружни изданија, доживува неверојатен комерцијален успех насекаде низ светот.

Иако пишува под името Џ. К. Роулинг, нејзиното вистинско име е Џоан Џо Роулинг. Пред да ја издадат нејзината прва книга, од издавачката куќа „Блумсбери“ биле загрижени дека младите машки читатели нема да сакаат да ја купуваат книгата знаејќи дека е напишана од женски автор. Ѝ предложиле на Роулинг да користи два иницијали, наместо да го открива нејзиното вистинско име. Џоан бидејќи немала средно име, ја одбрала буквата „К“ како Кетлин за својот втор иницијал, од нејзината баба. Името Кетлин никогаш не било дел од нејзиното вистинско име. Таа самата себеси се вика Џо и има изјавено: „Никој не ме нарекол Џоан кога бев мала, освен ако не беа лути“. Љубовта кон книгите ја наследила од нејзината мајка, која им читала на своите деца. Џоан брзо научила да чита и пишува, а интересно е што својата прва книга ја напишала на шест години.

Многу го сакала училиштето, но нејзиниот живот набрзо се променил - мајка ѝ тешко се разболела кога Џоан имала 15 години. По завршувањето на средното училиште, запишува студии по француски јазик, но увидела дека тоа не е она што го сака. По напуштањето на студиите, заминува во Португалија, каде што држи часови по англиски јазик. Таму го запознава и првиот сопруг со кој има една ќерка... на работ на сиромаштија, не се откажувала од сонот да биде писателка и со месеци се обидувала да го продаде својот прв роман во издавачките куќи. Единствено „Блумсбери“ се заинтересирале за романот. Преостанатото е историја. „Хари Потер и Каменот на мудроста“ ѝ ја донел првата заработка од 150.000 евра. До крајот на 2000 година, трите објавени романи се отпечатени на 35 јазици и ѝ донеле околу 400 милиони евра. Денеска важи за една од најпознатите, но и најбогати авторки, која  е посветена на својата добротворна организација. Со својот втор сопруг, со кој има уште две деца, живее повлечен живот во замок во Шкотска.

Врз основа на книгите е снимен и истоимениот филмски серијал, со Даниел Редклиф (како Хари Потер), Руперт Гринт (Рон Визли) и Ема Вотсон (Хермиона Гренџер) во главните улоги. Филмовите се исто толку популарни и ценети како и книгите.

Книгите имаат освоено поголем број награди во Обединетото Кралство и во САД. Преведени се на 84 јазици и досега се продадени во 600 милиони копии.

Седумте книги од серијалот „Хари Потер“ се објавени на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за: „Хари Потер и Каменот на мудроста“, „Хари Потер и Одајата на тајните“, „Хари Потер и затвореникот од Азкабан“, „Хари Потер и Пламениот пехар“, „Хари Потер и Редот на фениксот“, „Хари Потер и Полукрвниот принц“ и „Хари Потер и Реликвиите на смртта“.

Книгите на Џ. К. Роулинг  за Хари Потер се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
950 МКД
15,37 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
850 МКД
13,75 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
1.150 МКД
18,61 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
950 МКД
15,37 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
700 МКД
11,33 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
650 МКД
10,52 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

03.
Jul.
Вести
Славниот писател Франц Кафка е роден на денешен ден – 3 јули 1883 година, во Прага, а починал на 3 јуни 1924 година.
10.
Jun.
Вести
Романот-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ (Арс Либрис, дел од Арс Ламина – публикации), е годинашниот добитник на нагр...
09.
Mar.
Вести
Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и про...
04.
Nov.
Вести
Една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, која остави траен белег во македонската литература, Оливера Николова, почина на 88...
27.
Sep.
Вести
На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградат...
12.
Apr.
Вести
Книжарниците „Литература.мк“ и „Ист гејт мол“ донираа едукативни играчки во „СОС Детско село“. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.75 MB