Блог

Блог

Андреа Мирческа за „Девојката што ја наслика смртта“ - дали може вистински да се сака личност со ментална болест
14.
Feb
„Девојката што ја наслика смртта“ е дебитантска книга на Андреа Мирческа. Станува збор за психолошки трилер со примеси на мистерија и драма што по сите книжевни параметри е на ниво на актуелната светска продукција во овој жанр. Романот ќе биде промовиран во среда (14.2.2024), во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“, со почеток во 19 часот.
Промоција на возбудливиот дебитантски трилер „Девојката што ја наслика смртта“ од Андреа Мирчевска
13.
Feb
На 14 февруари (среда), во 19:00 часот, во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, ќе се одржи промоција на романот „Девојката што ја наслика смртта“, во издание на„Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“.
ИНТЕРВЈУ СО ДЕЈАН ВАСИЛЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛ И ПРЕВЕДУВАЧ
13.
Feb
Дејан Василевски - добитник е на повеќе награди за неговата кратка проза и неговите песни и е објавен во повеќе литературни списанија и една антологија. Дејан Василевски учествувал на повеќе литературни читања и фестивали (двапати на Струшките вечери на поезијата). Дел од неговата кратка проза и песни се преведени на српски и на бугарски јазик.
Сашо Кузмановски: За да можат македонските крими-романи да ги надминат физичките граници на државата, првин треба да ги видиме во внатрешните граници
12.
Feb
Во исполнетата книжарница на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, на 9 февруари се одржа промоција на вториот роман на Сашо Кузмановски, крими-трилерот „Бахус“.
„Аферата Кристи“- Зад петиците на неверството
11.
Feb
Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова: Сите го знаеме името на Агата, но дали го знаеме името на љубовницата на нејзиниот сопруг, онаа бесрамница што го растурила нејзиниот прв брак? Претпоставувам не.
Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор
09.
Feb
Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ја промовира збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува по четврти пат и ќе трае од 6 до 20 февруари. Настанот ќе се одржи на 13 февруари (вторник) во 19 часот, во Café Literatura, во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“.
„Гени, мени, сени“ е роман каков што бара и раѓа нашето време
08.
Feb
Новата книга на Владимир Лукаш, „Гени, мени, сени“, беше промовирана вчеравечер во „Литература.мк“ на ул. Македонија, во рамките на „Денови на литературата“. Книгата, во издание на „Супрема“ ја промовираше уредничката Оливера Ќорвезироска, низ разговор со самиот автор.
Промоција на крими-трилерот „Бахус“ од Сашо Кузмановски во Café Literatura во „Дајмонд мол“
07.
Feb
На 9 февруари (петок), со почеток во 19 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“, ќе се одржи промоција на романот „Бахус“ од авторот Сашо Кузмановски, издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе го промовира уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, низ разговор со авторот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 23.22 MB