Литература

Со едицијата „Порта Европа“ го одбележуваме Денот на европските автори

25.03.2024.
Со едицијата „Порта Европа“ го одбележуваме Денот на европските автори
Со едицијата „Порта Европа“ го одбележуваме Денот на европските автори

Со книжевната едиција „Порта Европа“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, го одбележуваме Денот на европските автори, кој се прославува на 25 март, втора година по ред.  
 

Денот на европските автори ја слави европската литература и го поттикнува интересот за читање. Ги инспирира младите генерации да го истражуваат богатството на европската литература. Таа, исто така, ја промовира лингвистичката разновидност во Европа.

„Порта Европа“ е едиција со шест извонредни книжевни дела од европски автори, добитници на Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија. Станува збор за книгите „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен, „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак, „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер, „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ, „Лекцијата на месечарот“ од Фредерико Педреира, „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер.

За кориците на македонските изданија на книгите беше распишан конкурс, на кој беа избрани за најдобри решенијата на четворица млади македонски дизајнери. Според дизајн на Катерина Соколова се уредени две корици: за романот „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен и за „Лекција за месечарот“ на Фредерико Педреира. Младата Ивона Јанчевска ги дизајнираше кориците на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ и „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер. Решението на Лара Маринковиќ за корицата на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер и решението на Андреј Лавчански за „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак, исто така се дел од оваа едиција.

Проектот е во рамките на програмата „Креативна Европа“ наменета за циркулација на европска литература. Објавувањето на оваа едиција, кофинансирана од Европската унија, е засновано на еколошка заднина и во насока на ублажување на економските ефекти од рестрикциите предизвикани од пандемијата на ковид-19 врз издавачкиот сектор, преку соработка со чинители од синџирот на книгоиздателството на домашниот пазар.

Сите шест прозни дела во себе носат приказна од сопствениот културен контекст, а истовремено меѓусебно се допираат во интроспективните аспекти и отсликувањето на внатрешните борби на носечките ликови. Проткаени се со нишки од опачината на животот, се занимаваат со горливи проблеми и состојби во нашето современо општество: отфрленост, осаменост, ментални болести, криза на идентитетот, самоубиство...

Издавачката куќа „Арс Ламина“ оствари онлајн-промоции со авторите на романите и организираше промотивен настан во „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“, со преведувачите на делата и дизајнерите на кориците.

Во продолжение ви ги претставуваме авторите на романите од едицијата „Порта Европа“.

Бјорн Расмусен - автор на „Кожата е еластична обвивка што го обвива целото тело“

Бјорн Расмусен е роден во 1983 година и дипломира на Данската школа за драматургија во 2007 година и на Данската школа за писатели во 2011 година. Истата година ја добива книжевната награда „Монтана“ за романот „Кожата е еластична обвивка што го обвива целото тело“, се здобива со тригодишен грант за работа од данската влада во 2013 година, а следната година ја добива и наградата „Култур Борнхолмс“. Во 2016 година е награден со книжевната награда на Европската унија.

„Кожата е еластична обвивка…“ е роман за растењето на еден млад човек, кој се навраќа на животот од неговото детство во рурална Данска и конкретно – на неговиот однос со многу повозрасниот учител по јавање, со кој развива приврзаност што прераснува во романтична и еротска опсесија. Секаков вид на конвенционално резиме на заплетот би било неправедно за книгата: мрачните тинејџерски години кои вклучуваат дрога и самоповредување, кризи на идентитетот, нефункционално семејство, прва голема љубов и жестоки сексуални копнежи, како и обид да се справи со сите предизвици на колку што е можно поекстремен начин. Но, исклучителниот јазик и гласот во романот го наведоа данското жири на Европската награда за литература, како и данските критичари и читатели од сите возрасти, да бидат целосно обземени од овој дебитантски роман.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк: https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/31351-kozata-e-elasticna-obvivka-sto-go-obviva-celoto-telo

Татјана Цибуљак - авторка на  „Градина од стакло“

Татјана Цибуљак е родена во 1978 година, во Кишинев, Република Молдавија, и по националност е Молдавка и Романка. Студира на Факултетот за новинарство и комуникации при Државниот молдавски универзитет. Првпат го привлекува вниманието на јавноста во 1995 година, како авторка на колумната „Вистински приказни“ во дневниот весник „Флукс“. Во 1999 година му се приклучува на тимот во телевизиската куќа ПРО ТВ Кишинев како репортер, уредник и ТВ-водител, а исто така работи и за УНИЦЕФ во Молдавија. Од 2008 година живее во Париз.

Како писателка дебитира во 2014 година со збирката раскази „Модерни бајки“ од издавачката куќа „Урма Та“ во Кишинев. Во 2017 година го објавува првиот роман: „Летото кога мајка ми имаше зелени очи“ од издавачката куќа „Картиер“ и ги добива следните награди: наградата на Сојузот на писатели на Молдавија, наградата на културно-литературното списание „Опсерватор“ во Букурешт и наградата „Опсерватор лицеум“ на фестивалот ФЛИТ во Јаш, Романија. Романот е преведен на француски и на шпански јазик. „Градина од стакло“ е нејзин втор роман, за кој ја добива наградата на Европската унија во 2019 година.

„Градина од стакло“ е восхитувачки раскажана приказна, стилско ремек-дело. Роман за животот на „малите“ луѓе во заднината на големите историско-политички промени со распадот на СССР, за идентитетот, за различноста, за борбата на цела една женска генерација да пронајде свое пристојно место во суровиот свет.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк: https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/32120-gradina-od-staklo

Лаура Фројденталер - „Приказна за духовите“

Лаура Фројденталер е родена во 1984 година, во Салцбург. Студира германски јазик и литература, филозофија и родови студии. Живее во Виена. Нејзините раскази „Черепот на Медлин“ се објавени во 2014 година. За романот „Кралицата молчи“ ја добива книжевната награда на градот Бремен во 2018 година, а романот добива препорака за најдобро прозно дебитантско остварување од Германија на фестивалот за дебитантски романи во Шамбери во 2018 година. Следната година, Фројденталер го објавува својот втор роман, „Приказна за духовите“, за кој ја добива Европската награда за литература истата година.

Што ако во вашиот живот одненадеж се отвори празнина? Ова е прашањето што Лаура Фројденталер го поставува во својот втор роман „Приказна за духовите“. Главниот лик Ан, средовечна професорка по клавир, одлучува да земе слободна година и да се посвети на свирењето и подготвувањето учебник за нејзината настава. Таа е мажена за Томас, со кого е во брак дваесет години. Токму кога се чини дека непречено ќе може да им се посвети на нештата што ги сака, Ан ја опседнуваат немири…

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк: https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/33966-prikazna-za-duhovite

Маша Колановиќ - „Почитувани бубачки и други морничави приказни“

Маша Колановиќ е родена во 1979 година, во Загреб. Работи како вонреден професор на катедрата за кроатистика на Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб. Дипломира и докторира на истиот факултет на катедрата за хрватски јазик и компаративна книжевност. Објавува голем број трудови за книжевноста и за популарната култура, а авторка е на романот „Барби од подрумот“ (2008) и на збирката раскази „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ (2019), за која ја добива наградата на Европската унија. Таа е авторка и на две поетски збирки, „Пијавици за осамени“ (2001) и „Јамерика“ (2013) и на монографијата „Ударник! Бунтовник? Потрошувач…“ (2011). Уредничка е на зборниците „Компаративниот постсоцијализам: словенски искуства“ и „Културниот живот на капитализмот во Југославија: (пост)социјализмот и другиот“ (2017).

Расказите „Почитувани бубачки…“ раскажуваат за апсурдноста на постоењето, поврзано со безмилосниот капитализам, со протагонисти кои се обидуваат да го зачуваат своето достоинство додека претаат како бубачки, а понекогаш буквално се распукуваат. Збирката брои 12 раскази на повеќе теми. Една стара тетка на умирање, која се плаши да не биде закопана жива, одлучува да го понесе својот мобилен телефон во гробот, барајќи од нејзиното семејство да ù се јави следниот ден по погребот. Раскажувачка му чита рекламни слогани од каталогот на ИКЕА на нејзиниот сопруг на смртна постела и поранешен директор на стоковна куќа. Девојка чија мајка починала од рак на дебелото црево го отвора плакарот на мајка си за да го најде нејзиниот „дневник на трошоци“ за тоа како и што купила преку „Ибеј“, очајнички трошејќи пари за да не размислува за својата дијагноза.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк: https://www.literatura.mk/raskazi/37616-pocituvani-bubacki-i-drugi-mornicavi-prikazni


Фредерико Педреира -  „Лекција за месечарот“

Фредерико Педреира е португалски писател, роден во 1983 година. Студира во Португалија и во Велика Британија, каде што се здобива со магистерска диплома на Универзитетот „Ројал Холовеј“ во Лондон. Завршува докторски студии по книжевна теорија на универзитетот во Лисабон. Педреира работи неколку професии: новинар, преведувач и книжар.

Има објавено десетина книги, вклучително шест поетски збирки, два романа, книга со кратки раскази и збирка есеи. Во 2021 година ја добива Европската награда за литература за книгата „Лекција за месечарот“. Се потпишува како преведувач на дела од Јејтс, Луиз Глик, Честертон, Орвел, Дикенс, Свифт, Велс, Харди, Банвил и Вирџинија Вулф.

„Лекцијата на месечарот“ е раскошен автобиографски билдунгсроман, за форматирањето на личноста на нараторот уште како дете кое долгите летни распусти ги поминува во домот на своите баба и дедо, во митската „зелена куќа“, преполна спомени и предмети од предците што имаат света важност за него. Опседнатоста со бескрајното гледање на видеоснимката од финалето во Купот на европските шампиони во фудбал, помеѓу Милан и Бенфика во 1990 година, и деноноќното шутирање во замислениот голман во дворот, ја заменува со бедемите книги во библиотеката на неговиот прадедо, инаку личен пријател со Фернандо Песоа. Токму откривањето на чудесниот свет на книгите, ќе го определи неговиот младешки пат и студиите по книжевност во странство. Далеку од детството и од „зелената куќа“, младиот човек првпат ќе ја преиспитува својата припадност во новата средина и идејата за космополитизмот. А, таму... го чека нова приказна.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк: https://www.literatura.mk/biografii-i-memoari-publicistika/49400-lekcijata-na-mesecarot

Марија Наваро Скарангер – „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“

Марија Наваро Скарангер е родена во 1994 година, во Осло, каде што и живее. Студира на Академијата за креативно пишување во Хордалан и компаративна книжевност на Универзитетот во Осло. Како авторка на две книги, Скарангер покажува импресивна прецизност во начинот на кој со голема оригиналност ги изнесува важните теми. Нејзиниот дебитантски роман „Сите странци имаат затворени завеси“ (2015) е првата норвешка книга напишана во конзистентен мултиетнолект од разновидно предградие на Осло, а нејзиниот јазик впива изрази од различни земји и потекла. Романот добива големо внимание и ја освојува наградата за дебитантски роман. Во март 2020 година, се случува промоција на филмската верзија на романот низ норвешките кина. Нејзиниот втор роман, „Книга на жалоста (Приказната за Нилс во шумата)“, се објавува во 2018 година и истата година ја добива наградата „Осло“. За истиот роман ја добива и Европската награда за литература во 2020 година. Во 2019 година е дел од дванаесетте соработници на Homeland, престижна антологија која истражува што значи да се биде Норвежанец.

„Книга за тагата“ е исклучителен, непретенциозен роман во 240 прозни цртици за самоубиството на еден член од семејството и за различните реакции и форми на страдање на преостанатите членови. Трогателна приказна за сфаќањето, прифаќањето и обидот да се продолжи со животот по една ваква семејна голгота.

Книгата е достапна за онлајн-нарачка на следниот линк: https://www.literatura.mk/sovremena-knizevnost/49226-kniga-za-tagata-prikazna-za-nils-vo-sumata

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
240 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
240 МКД

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Литература
Магијата на приказните е безгранична! Приказните ги учат децата на сите животни лекции. Им помагаат да сознаат што е добро, а што е лошо, како си ги распозна...
01.
Apr.
Литература
На денешен ден (1 април), пред 95 години во Брно, (некогашна) Чехословачка, е роден еден од најпознатите современи светски писатели Милан Кундера. Чешкиот ав...
27.
Mar.
Литература
Во чест на Светскиот ден на театарот со книгите, потсетуваме на три значајни книги, кои се достапни во книжарниците „Литература.мк“:  моногр...
22.
Mar.
Литература
Неизбежна литература за секој што се занимава со модата, но и како задолжителен учебник за секој студент на моден дизајн. Вредна документација на идентитетот...
14.
Mar.
Литература
Оваа сликовница, илустрирана од македонскиот сликар и автор на книги за деца Ване Костуранов, со текст на српската авторка Ана Торма, носи топла порака за ра...
12.
Mar.
Литература
Романот си поигрува со физичката мерливост "нормално/болно" и се обидува да ги разруши стигмата и предрасудите кои се тркалаат низ ходниците на сан...
11.
Mar.
Литература
Лауреатот на „Пегаз“, кој е во издание на „Арс Ламина“, е меѓу петте кандидати за победник на 25. издание на наградата во организациј...
01.
Mar.
Литература
Шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја организира издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и п...
11.
Feb.
Литература
Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова: Сите го знаеме името на Агата, но дали го знаеме името на љубовницата на нејзиниот сопруг, онаа бесрамница...
01.
Feb.
Литература
Македонскиот претседател Стево Пендаровски ѝ додели Орден за заслугина Оливера Николова, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писа...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.98 MB