Блог

Блог

Топ 10 новитети за подарок
21.
Dec
Одбројуваме до крајот на 2023 година со неколку наслови новитети, во издание на „Арс Либрис“ – дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за жанровски разновидни книги, фикција, нефикција и сликовници за деца, избор за сите читателски преференции, кои се совршен подарок за празниците и за почеток на новата 2024 со квалитетни изданија.
„Брачниот портрет“- Аберации на љубовта
18.
Dec
Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова   Доколку ве интригираат духовите кои останале затворени зад тешките порти на дворците, нераскажаните приказни распнати помеѓу луксузот и несреќата, тајните исшепотени од послугата и слушнати само од ѕидовите и мртовците, тогаш прошетајте низ секоја педа од темниот акварел на „Брачниот портрет“.
Најдоброто станува подобро: „Литература.мк“ и „КупиКнига.мк“ стануваат едно
15.
Dec
Под слоганот „Најдоброто станува подобро“, „Литература.мк“ го најави спојувањето со „КупиКнига.мк“ во една е-книжарница. И двете е-книжарници, кои досега беа најпосетуваните интернет-страници за купување книги кај нас, продолжуваат да работат на заедничката веб-адреса www.literatura.mk, со што „Литература.мк“ станува и најголемата македонска е-книжарница.
„Повеќе од подарок“ за магични моменти со „Литература.мк“
15.
Dec
Со попусти до 50 отсто почнува новогодишното прославување во книжарниците на „Литература.мк“. Во акцијата „Повеќе од подарок“, која ќе трае од 15 декември до 10 јануари, ќе ги најдете најдобрите подароци со специјални новогодишни цени.
Новогодишни смарт пакетчиња за забавни и интерактивни празници
07.
Dec
Разиграјте ги претпразничните моменти на своите најмили и подарете новогодишни смарт пакетчиња исполнети со новогодишни книги и сликовници, боенки, изданија со загатки, едукативно-забавни игри, боички, разделници, честитки и многу други производи специјално избрани за соодветната возраст. 
Промовирана книгата „Природна нега за вашето дете“ од Вики Андонова
29.
Nov
Авторката Вики Андонова вчера (28 ноември) во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ ја промовираше својата книга „Природна нега за вашето дете“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
„Аферата Кристи“ – роман за најпознатиот неразрешен случај во модерното време
27.
Nov
Деновиве од печат излезе македонскиот превод на изданието „Аферата Кристи“ од Нина де Грамонт, интернационален бестселер на „Њујорк тајмс“ и избор за најдобро издание на месецот на книжевниот клуб на Рис Витерспун за февруари 2022 година.
Екранизиран романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“
24.
Nov
На „Нетфликс“ од овој месец се прикажува мини-серијата во четири продолженија насловена како „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, базирана на истоимениот роман на Ентони Дор – добитник на Пулицеровата награда.  
array(0) {
}
Memory Consumption is: 23.22 MB