Култура

„Академија за еднорози“ – магијата од книгите на Џули Сајкс оживеана во популарна анимирана серија на „Нетфликс“

26.07.2024.
„Академија за еднорози“ – магијата од книгите на Џули Сајкс оживеана во популарна  анимирана серија на „Нетфликс“
„Академија за еднорози“ – магијата од книгите на Џули Сајкс оживеана во популарна  анимирана серија на „Нетфликс“

Сите ги сакаат еднорозите! Тие се толку убави, магични и нежни суштества. На магичен начин авторката Џули Сајкс раскажува за еднорозите и за нивните пријателки во волшебниот серијал „Академија за еднорози“. Книжевниот серијал во издание на „Либи“ дел од „Арс Ламина – публикации“ содржи шест романи за деца.  Ова се приказни за еднорози и магија, но и за пријателството.

Во секоја книга има приказна за другарувањето меѓу девојчињата и еднорозите: Софија и Ѕуница, Скарлет и Блесок, Оливија и Снегулка, Ава и Ѕвезда, Изабела и Облак, Лејла и Танчар. Волшебните приказни се редат една по друга и кога ќе прочитате една, сигурно ќе посакате веднаш да продолжите со следната книга. Вистинско уживање со светки и многу авантури за сите љубители на еднорозите.

Овој волшебен книжевен серијал е инспирација за популарната анимирана серија за деца, „Академија за еднорози“, што се емитува на стриминг-сервисот „Нетфликс“. Досега се снимени две сезони, првата беше премиерно прикажана во ноември 2023 година, а втората сезона почна да се емитува  на 27 јуни годинава.  Оваа канадска серија, креирана од Мишел и Роберт Ламоро, е продуцирана од „Спин мастер“ и „Мејнфреим студиос“. 

Во телевизиската адаптација главен лик е Софија, која се појавува и во сите книги од серијалот на Џули Сајкс. Како голема љубителка на коњите, Софија е пресреќна кога ќе добие покана да се приклучи на Академијата за јавање, за која подоцна ќе дознае дека е всушност Академија за еднорози, каде што ќе научи да јава на магичен еднорог - Вајлдстар (во книгата – Ѕуница).  Таму ги запознава Ава, Изабел, Валентина, Лејла и Рори и нивните еднорози, со кои тргнуваат во незаборавна авантура откако мрачна сила се заканува да го уништи Островот на Еднорозите, каде што се наоѓа Академијата.

 Храбрата Софија и нејзините пријатели мора да ја заштитат својата сакана магична академија од злобната Ревензела. Во борбата со Ревензела, Софија ќе ја открие магијата на еднорозите и ќе ја разоткрие мистеријата за исчезнувањето на нејзиниот татко. По пат ќе научи дека тајната на борбата против лошите сили е тимската работа и пријателството... 

Втората сезона почнува со маскенбал во чест на ретката Самовила Месечина. Софија и Вајлдстар се впуштаат во магична потрага да ги пронајдат ѕвездите кои паѓаат на соѕвездието Еднорог, со надеж дека Софија може да го врати својот татко. Но, не се сите членови на групата „Сафири“ во мисијата, и има мистериозен странец кој го следи островот, обидувајќи се прво да стигне до ѕвездите.

Гласот за Софија Мендез го позајмува Сара Гарсија, а во преостанатите улоги се јавуваат: Сејди Лафлам-Сноу (Ава), Габриела Космидис (Изабел Армстронг), Кари Вонг (Валентина Вал Фјури), Камаја Фербурн (Лејла Флечер) и Колтон Стјуарт (Рори Кармајкл). Серијата е во режија на Каси Симондс.

Книгите се достапни во сите поголеми книжарници, и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

22.
Feb.
Филм
Еден од најголемите книжевни класици, кој оставил трајно влијание во светската литература, е безвременскиот роман Гордост и предрасуда од Џејн Остин.
15.
Feb.
Филм
Во 2026 година се одбележуваат 25 години од почетокот на филмската франшиза за „Хари Потер и каменот на мудроста“, која во 2001 година ја донесе ...
08.
Feb.
Филм
Култниот роман на Вилијам Голдинг од 1954 година, „Господарот на мувите“, доби нова и моќна телевизиска адаптација.
31.
Jan.
Филм
Во анимираниот филм „Пинокио“ на Гиљермо дел Торо, овој класичен лик добива сосема нова, подлабока и помрачна димензија.
25.
Jan.
Филм
Ако барате нежна, магична и поучна серија за деца – инспирирана од омилените детски книги - „Исидора Мун прави зимска магија“ е вистинскиот...
18.
Jan.
Филм
Романот „Хамнет“ е едно од најнаградуваните книжевни дела во последните години – светски бестселер, добитник на престижни награди. 
11.
Jan.
Филм
Љубителите на напнати трилери на почетокот на оваа година можат да уживаат во новата серија на стриминг-сервисот „Нетфликс“ – „Бегај&...
04.
Jan.
Филм
Овој празничен викенд ви го препорачуваме анимираниот филм „Кралицата на Срцата го забрани Божиќ“, во режија на Питер Бејнтон, кој е инспириран о...
28.
Dec.
Филм
„Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс е дело кое еднакво силно живее и на страниците на книгата и на филмското платно.
21.
Dec.
Филм
Овој викенд ви го препорачуваме новиот филм „Бело се пере на деведесет“, кој неодамна имаше премиерна проекција во киното „Фросина“, ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.27 MB