Литература

„СПИСОКОТ ЗА ЧИТАЊЕ“ – РОМАН ЗА ТРАНСФОРМАТИВНАТА МОЌ НА КНИГИТЕ

28.09.2023.
„СПИСОКОТ ЗА ЧИТАЊЕ“ – РОМАН ЗА ТРАНСФОРМАТИВНАТА МОЌ НА КНИГИТЕ

Понекогаш, книгите за кратко нè носат на некое друго место, а потоа нè враќаат на нашето место со нов поглед кон работите.

 

„Списокот за читање“ е дебитантски роман на Сара Ниша Адамс, но нејзината поврзаност со книгите не е нешто ново. Таа работела како уредник и нејзината страст за читање потекнува од раното детство, кога љубовта со книгите создала нераскинлива поврзаност со нејзиниот дедо. Токму оваа заедничка пасија е инспирација за „Списокот за читање“, приказна за двајца осамени луѓе чија заедничка карактеристика е, иронично, што ниту едниот ниту другиот немаат никаков интерес за читање.

Прво го запознаваме Мукеш – вдовец кој тагува по неговата сакана сопруга (која била пасиониран читател) и кој се чувствува отуѓен од своето семејство. Очаен да се поврзе со неговата внука, која е исто така вљубеничка во книгите, Мукеш, со цел подобро да ја разбере, се упатува во локалната библиотека. Таму ја запознава Алиша, тинејџерка која сонува да стане адвокатка и која летната работа во библиотеката ја гледа со презир. По катастрофалната прва средба со Мукеш, Алиша наоѓа мистериозен список со книги што решава да му ги препорача на старецот, но и да ги чита паралелно со него, во обид да ги поправи работите.

Она што почнува како каприц, наскоро се претвора во длабоко задоволувачко и збогатувачко искуство. Книгите се спас за Мукеш и Алиша додека и двајцата минуваат низ турбулентни периоди.

Читањето често се смета за осамена потрага, но „Списокот за читање“ ја врти таа идеја, илустрирајќи ги начините на кои една книга може да допре многу животи и да дејствува како заедничка точка на емпатија, обединувајќи различни поединци во заедница.

Во нежниот роман на Адамс нема тага или неволја толку голема што добрата книга – и пријателот кој ве поддржува – не може да помогне. Приказната за пријателството на Мукеш и Алиша потврдува дека никогаш не е доцна да станете читател.

Како возбудливо и нежно прославување на библиотеките и трансформативната моќ на книгите, „Списокот за читање“ е совршен избор за клубовите на вљубеници во книгите и сигурно ќе го разубави денот на секој читател.

 

Кои се книгите на списокот за читање (во случај да ти затреба)?

 

„Да се убие птицата подбивница“

„Ребека“

„Ловец на змејови“

„Животот на Пи“

„Гордост и предрасуда“

„Малите жени“

„Љубена“

„Достојно момче“

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 600 МКД
9,71 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Oct.
Рецензии
Година 1958. Мирно октомвриско попладне на Универзитетот за нуклеарни науки во населбата Винча, Белград. Шестмина во просторијата со реакторот на нулта сила....
10.
Oct.
Рецензии
Ова не е приказна за семејството Рива. Ова е приказна за Малибу, за дивото крајбрежје пред да биде припитомено во седло на елитата и од зависниците од адрена...
26.
Sep.
Рецензии
Лоти е симпатична седумдесетгодишна бабичка што ги претоплува остатоците од вечерата, игра бинго и томбола и оди на миса во црквата „Првиот завет&ldquo...
12.
Sep.
Рецензии
„Случајно Ејми“ е слатка романса, напишана во манирот на модерните врски што напоредно созреваат со растењето на ликовите.
22.
Aug.
Рецензии
Берис Беј. Магично гратче во Онтарио сместено покрај езерото Каманискег, вечен споменар на децата и на тинејџерите: врежани иницијали на клупи и на стебла, м...
08.
Aug.
Рецензии
Љубовната ролна на Луси и на Феликс се одмотува на идиличниот остров Принц Едвард. Овој малечок остров, со огнени кражбрежја што црвенеат под врелите бакнежи...
30.
Jul.
Рецензии
Романот „Понекогаш се враќаат“ од Димитрие Дурацовски е исклучителен настан во македонската книжевност.
25.
Jul.
Рецензии
„Дивиот мрачен брег“ е роман интегриран во биолошка енциклопедија за Антарктикот. Со надреални описи и факти што најчесто се нарација на прерано ...
04.
Jul.
Рецензии
Во романите, а особено во трилерите, клучна улога покрај заплетот игра и местото на случување. Понекогаш сценографијата е таа што останува долго да пулсира п...
21.
Jun.
Рецензии
Постои генерално уверување дека секој може да стане писател, а истото го потврдува и Џин Ханф Корелиц во насловот на првото поглавје. Сепак ретко кој се осме...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 21.49 MB