Литература

„СЕДУМТЕ МАЖИ НА ЕВЕЛИН ХУГО

26.10.2023.
„СЕДУМТЕ МАЖИ НА ЕВЕЛИН ХУГО
„СЕДУМТЕ МАЖИ НА ЕВЕЛИН ХУГО

Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова

 

Тејлор Џенкинс Рејд има добар вкус, но и психолошка вештина преку мастилото во своите хероини да вшприцува карактерни црти и способности, да ги создаде така епохално и безвременски што читателот ќе го натераат да ги пребарува на Гугл, убеден во нивната веродостојност.

Иако излегува од големата книжевна ковачница, американската индустрија, која ги полни рафтовите со љубовни бози и предвидливи сижеа, книгите на Џенкинс Рејд се спротивност. Внатре ќе сретнете и драма, и романса, и мистерија, подврзано суптилно и кокетно да ве натера да ја прочитате додека да трепнете.

Седум мажи, седум света. Со еден ја споила користољубивоста, од друг добивала удари, со трет искусила исконска љубов, четвртиот го изиграла за сопствени цели, петтиот бил се' што една жена бара во сопруг, пред се' да биде нејзин пријател, шестиот е лепилото на листата, а седмиот параван пред среќното засекогаш. Универзум на карактери, кога иронично од денешен аспект на родоправо општество, ја граделе мажите.

Евелин Хуго, некогаш Евелин Херера, девојка осудена на пропаст, жител на забаталеното гратче Хелс Кичен, знае да ги искористи атрибутите на раскошната физиономија. Свесна и самоуверена, таа влетува од врска во врска, зависна од потпорните греди, мажите, кои го додржуваат нејзиниот нестабилен интимен живот од распаѓање пред очите на јавноста. Честопати окарактеризирана како празноглава старлета, Евелин Хуго го има светот во дланка, со остроумни лукавства, па и маркетиншки трикови да ги задоволи очекувањата на своите обожаватели ( градена врз шаблонот на Мерилин Монро, за која се смета дека имала IQ повисок од Ајнштајн). Со тоа полнење на туѓ ќеф, таа ја запечатува својата судбина која ќе реши да ја отвори како да е проколната погребна ризница на самиот залез од турбулентната авантура, наречена живот.

Претчувствувајќи си го крајот, Евелин Хуго, ја ангажира дотогаш непознатата, новинарка во сенка, Моник Грант да даде интервју после долго период на молк и повлекување од јавноста. Она што првенствено започнува како едиторијал и површно интервју се продлабочува во интимна исповед кое ќе ја разоткрие вистината за Евелин еднаш засекогаш. Но, вистината со долгите краци ја повлекува и Моник во центарот на кругот, наскоро и самата е инкриминирана од холивудската заводничка.

Главниот виновник за книжевниот холограм на Евелин Хуго, недалеку од грубата, кадифена реалност на стариот Холивуд, била Елизабет Тејлор со осумте брака, но евидентни се и префинетоста на Марлен Дитрих, елеганцијата на Одри Хепберн, невиноста на Грејс Кели, женственоста на Џејн Менсфилд и сексапилната Монро.

Во споменарот од страст и грешки, Евелин ја гради својата холивудска ѕвезда, ја потопува под слојот злато и мермер, пораснува со публицитетот за да докаже дека среќата и тоа што окото го гледа се две мерни единици.

Навраќајќи се на својот живот таа одново ги преживува чувствата, неоствареноста, славата што не и' удрила во глава како на многумина. Што знае светот за оваа femme fatale, а што срцето?

Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ и е достапна во „Литература.мк“ и онлајн преку https://www.literatura.mk/istoriska-fikcija/28054-sedumte-mazi-na-evelin-hugo

 

Јована Матевска Атанасова, родена е на 16 јуни 1991 година, во Битола. Од мали нозе се вљубила во пишаниот збор, двонасочно, и како писател и како читател. Својот дебитантски чекор, пред сериозните излети по државните конкурси го направила благодарение на блогот „Мемоарите на зеленооката“. Учествувала на регионални и меѓународни конкурси и добила повеќе награди, меѓу кои најзначајни се наградите во 2015 и 2016 година, на реномираниот и традиционален конкурс за краток расказ кој го распишува весникот „Нова Македонија“ за насловите „Двете дланки“ и „Нештовина“. Во 2016 година го издава својот прв роман „Тамбовските снегови“, инспириран од нејзината посета во Русија. „Писмата во библиотеката“ е нејзиниот втор роман, издаден само во електронска форма кој се закитува со награда на конкурсот за поддршка на млади талентирани автори на фондацијата „Македоника“ и УНЕСКО. Книгата „ Јас во суперлаТИв„ или твојот автопилот за развој, е интерактивна книга, нејзина трета по ред, која претставува фузија помеѓу писателот и психологот во авторката. Четвртата книга „Гладоморје“, е со поднаслов „Психопатологијата на едно општество“. Атанасова е двократен лауреат на наградите за најдобар расказ на конкурсот во чест на Живко Чинго и добитник на повеќе награди на општински и регионални натпревари за кратки раскази. По професија е дипломиран психолог.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
480 МКД
7,77 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
450 МКД
7,28 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Nov.
Литература
На „Нетфликс“ од овој месец се прикажува мини-серијата во четири продолженија насловена како „Сета светлина што не можеме да ја видиме&ldqu...
22.
Nov.
Литература
Книжевно сокаче со Јована Матевска Атанасова Две семејства, традиционално и модерно, кои се чини како да ги смениле улогите, осум книги и еден список за чит...
09.
Nov.
Литература
„Силвервју“ е фасцинантна приказна за средбата меѓу невиноста и искуството и јавната должност и личниот морал.
31.
Oct.
Литература
Ако ви се допаѓа жанрот хорор или крими/трилер, ве уверуваме дека ќе ги обожавате овие книги во издание на „Арс Ламина“. Дали ќе преферирате да г...
25.
Oct.
Литература
„Совпаѓање“ е вистински кобеновски трилер. Има едно чудо заплети и подзаплети (па, и подзаплети со свои подзаплети) и токму тоа цврсто го држи вн...
19.
Oct.
Литература
Во „Како да правите ништо: како да се одолее на економијата на вниманието“, Џени Одел дава конкретни насоки како да се исклучиме од нашите у...
17.
Oct.
Литература
Францускиот претседател Емануел Макрон во својата прва официјална посета на Албанија му го врачи највисокото одликување на Француската Република на истакнати...
28.
Sep.
Литература
„Списокот за читање“ е приказна за двајца осамени луѓе чија заедничка карактеристика е, иронично, што ниту едниот ниту другиот немаат никако...
21.
Sep.
Литература
На денешен ден, 21 септември, во 1947 година е роден кралот на хоророт – Стивен Кинг. Тој е автор на повеќе од 65 книги.
15.
Sep.
Литература
На денешен ден (15 септември) во 1890 година е родена славната британска писателка на детективски романи – Агата Кристи.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.51 MB