Литература

Истакнатиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина на 88 години

01.07.2024.
Истакнатиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина на 88 години
Истакнатиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина на 88 години

Големиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во Тирана, од срцев удар, на 88-годишна возраст. Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари 1936 година. Го сметаат за еден од најголемите европски писатели и интелектуалци на 20 век и за универзален глас против тоталитаризмот. Покрај тоа што беше истакнат романсиер, есеист и драмски автор, беше и академик, политичар, поранешен пратеник и потпретседател на партијата Демократски фронт.

Важи за еден од најбрилијантните современи писатели, неколкупати номиниран за Нобеловата награда за литература. Негово најпознато, а воедно и прво дело (објавено во 1963 година) е „Генералот на мртвата војска“. Оваа книга, како и современите класици „Куклата: Портрет на мајка ми“ и „Прогонетата: Реквием за Линда Б“, на македонски јазик се објавени во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Негови други дела се: „Тврдина“, „Хроника во каменоломот“, „Големата зима“, „Скршениот април“, „Трострелниот мост“, „Палата од соништата“, „Случајот на Х.“, „Албанска пролет“, „Пирамида“, „Три елегии за Косово“, „Ќерката на Агамемнон“ и „Наследникот“.

Пишуваше главно проза, но неговиот придонес се прошири и на драматургијата, поезијата и преводите. Почнал да пишува уште кога бил млад, прво поезија, со која станал познат, а потоа проза, станувајќи главен албански прозаист. Неговите дела се преведени на околу 50 различни јазици, со што е главен претставник на албанската литература ширум светот.

Во 1996 година Кадаре стана постојан член на Академијата за морални и политички науки во Франција. Тој е добитник на многу меѓународни награди, вклучувајќи ја и меѓународната награда „Ман Букер“ во 2005 година, наградата за уметност „Принцот од Астурија“ во 2009 година и наградата „Ерусалим“ во 2015 година. Во последните години, тој и сопругата Елена живееја на релација Франција-Албанија.

Во есента 1990 година, Исмаил Кадаре реши да ја напушти Албанија и да остане во Париз. Писателот во тоа време ваквото заминување го оправдуваше со „недостигот на демократски промени“. Тој беше почесен граѓанин на Тетово.

Книгите од Исмаил Кадаре во издание на „Арс Ламина“ се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
300 МКД
4,85 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Jul.
Литература
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш...
01.
Jul.
Литература
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со А...
01.
Jul.
Литература
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
01.
Jul.
Литература
Од авторот на меѓународните бестселери „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат...
01.
Jul.
Литература
Една од најочекуваните книги оваа година, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, наскоро ќе излезе од печат во изд...
29.
Jun.
Литература
Летниот одмор не може да се замисли без добра книга. Книгите се одлична придружба во летните денови, поминати под сенката на плажа, во ладовина на планина ил...
05.
Jun.
Литература
Разговаравме со македонскиот автор Владо Јаневски за наградата и едицијата „Пегаз“, за процесот на пишување и конкурирање.
07.
May.
Литература
Не творам за да бидам наградуван, пишувам затоа што не можам да живеам без тоа, иако, на крајот, доколку се случи делото да биде наградено, уживам во резулта...
02.
May.
Литература
Овој празничен период развеселете ги своите најмили со најшарените велигденски изданија за деца. Наполнете ја книжевната велигденска кошница со сликовници, к...
05.
Apr.
Литература
Магијата на приказните е безгранична! Приказните ги учат децата на сите животни лекции. Им помагаат да сознаат што е добро, а што е лошо, како си ги распозна...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.66 MB