Филм

Зимска ТВ-магија со Исидора Мун

25.01.2026.
Зимска ТВ-магија со Исидора Мун
Зимска ТВ-магија со Исидора Мун

Ако барате нежна, магична и поучна серија за деца – инспирирана од омилените детски книги - „Исидора Мун прави зимска магија“ е вистинскиот избор за оваа сезона.

Станува збор за епизода од анимираниот серијал Isadora Moon, кој се емитува на Sky Kids (TV Sky) и е базиран на книжевниот серијал „Исидора Мун“ од авторката Хариет Мункастер.

Во оваа блескава зимска специјална епизода, Исидора и тетка ѝ Кристалка заминуваат во земјата на мразот и снегот за да го спасат снежното момче – пред тој да се стопи. Исидора обожава да си игра на снег, особено кога нејзините снежни фигури оживуваат, но зимската магија не трае вечно. Ќе успее ли да ги спаси навреме своите нови снежни другарчиња? Преку топла приказна полна со фантазија, серијата зборува за пријателството, грижата за другите, храброста и прифаќањето на различностите – теми блиски и важни за секое дете.

Книжевниот серијал „Исидора Мун“ од Хариет Мункастер на македонски јазик е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Досега се објавени 16 книги за Исидора Мун и 6 книги за Мирабела – палавата братучетка на Исидора.

Исидора Мун е половина самовила, половина вампир – и целосно уникатна! Нејзината мајка е самовила, татко ѝ е вампир, а таа совршено ги спојува двата света. Токму затоа Исидора е хероина со која лесно се идентификува секое дете што некогаш се прашало каде припаѓа и што го прави посебно. Исидора е препознатлива по нејзините црно-розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка, магичните крилја и по нејзиното најверно пријателче – Розовото Зајаче. Нејзиниот свет е исполнет со летечки облачни автомобили, вили, вампири, змејчиња и многу нежна магија.

Како и сите деца (без разлика дали се луѓе, самовили или вампирчиња), Исидора учи како да биде храбра, како да им помага на пријателите, да преземе одговорност и да ги прифати своите граници – откривајќи дека може многу повеќе отколку што мисли.

„Исидора Мун прави зимска магија“ е идеална серија за заедничко гледање на родителите и децата – тивка, визуелно нежна и со важни пораки за прифаќање, емпатија и самодоверба. А, потоа… време е за читање!

„Исидора Мун прави зимска магија“ и преостанатите книги од серијалот за Исидора МУн се достапни во книжарниците на Литература.мк и онлајн преку www.literatura.mk.

Песничката од зимската епизода можете да ја слушнете тука:

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 290 МКД
4,69 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

18.
Jan.
Филм
Романот „Хамнет“ е едно од најнаградуваните книжевни дела во последните години – светски бестселер, добитник на престижни награди. 
11.
Jan.
Филм
Љубителите на напнати трилери на почетокот на оваа година можат да уживаат во новата серија на стриминг-сервисот „Нетфликс“ – „Бегај&...
04.
Jan.
Филм
Овој празничен викенд ви го препорачуваме анимираниот филм „Кралицата на Срцата го забрани Божиќ“, во режија на Питер Бејнтон, кој е инспириран о...
28.
Dec.
Филм
„Божиќна песна“ од Чарлс Дикенс е дело кое еднакво силно живее и на страниците на книгата и на филмското платно.
21.
Dec.
Филм
Овој викенд ви го препорачуваме новиот филм „Бело се пере на деведесет“, кој неодамна имаше премиерна проекција во киното „Фросина“, ...
07.
Dec.
Филм
„Петар Пан и Венди“ е приказна за која сите мислиме дека ја знаеме, но секое ново читање или гледање открива нешто друго: радоста на играта, тага...
23.
Nov.
Филм
Книжевниот класик за деца „Алиса во Земјата на чудата“ од Луис Керол, 160 години по своето прво објавување, продолжува да фасцинира читатели од с...
16.
Nov.
Филм
Филмот „Тркачот“ е снимен по истоимениот роман на Стивен Кинг, објавен во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – п...
09.
Nov.
Филм
Филмот „Чувари на формулата“, во режија на Драган Бјелогрлиќ, е инспириран од вистински настани, опишани во романот „Случајот Винча“ ...
02.
Nov.
Филм
Овој викенд ви препорачуваме да го погледнете филмот на Грета Гервиг од 2019 година. Последната филмска адаптација на романот е со извонредна актерска екипа....
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.65 MB