Литература

Претседателот Пендаровски ја одликуваше Оливера Николова со Орден за заслуги

01.02.2024.
Претседателот Пендаровски ја одликуваше Оливера Николова со Орден за заслуги
Претседателот Пендаровски ја одликуваше Оливера Николова со Орден за заслуги

Македонскиот претседател Стево Пендаровски им додели Орден за заслуги на седуммина истакнати уметници, значајни личности, творци од литературата, театарот, филмот и музиката.

Меѓу нив е и Оливера Николова, една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, кои оставаат траен белег во македонската литература. Трипати ја има добиено наградата на РТВ Скопје и „Струшките вечери на поезијата, како и престижната Змаева наградаза постигнувања во современиот израз на литературата за деца. Николова е трикратна добитничка на наградата „Стале Попов“ за најдобра проза на Друштвото на писателите на Македонија, двапати е наградена со Роман на годината, со „Рациновото признание и со наградата „ПрозАРТ 2022“ на фестивалот „Про-за Балканот“ за авторски придонес за развојот на книжевноста на Балканот.

Орденот за заслуги го доби пред својот скорашен 88-роденден, кој претседателот ѝ го однесе лично во нејзиниот дом. Орденот се дава на особено истакнати интелектуалци во различни области, а како што истакна претседателот на државата, таа одамна требало да го добие.

Оливера Николова, која многумина ја нарекуваат „мајка на сите македонски писателки“, ја одбележа македонската книжевност во втората половина на 20 и почетокот на 21 век, затоа со право може да се смета за книжевен бард чии дела сe и ќе бидат сметани и во иднина за врв на македонската современа книжевност.

Николова низ разговор со претседателот навести дека можеби ќе има и ново дело по последното објавено во 2019 година.

„И во доцна возраст, да кажам, творите, не се предавате. Дали пишувате нешто поново сега?“, ја праша Пендаровски, а на тоа Николова одговори: „Многупати велам дека го затворам дуќанот, ама пак црвчето работи и така...“

Оливера Николова, која е раскажувачка, романсиерка и драмска писателка, е родена во Скопје во 1936 година. Целиот работен век го минала во Македонската радио-телевизија како уредник и драматург. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Покрај романите и збирките раскази за возрасни, има објавено и 17 книги за деца и сликовници, меѓу кои: „Девојките на Марко“, „Мојот звук“, „Преминот не е осветлен“, „Светлосна година“ и др. Книгата за деца „Зоки Поки“ стана задолжителна лектира во училиштата, преведена е на девет јазици, а според неа е снимена и детска телевизиска серија.

Издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, во 2022 година го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Станува збор за книгите: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке...“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска).

Реобјавените книги од Оливера Николова се достапни во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk, на следниот линк: https://www.literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8519

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
330 МКД
5,34 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
300 МКД
4,85 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
300 МКД
4,85 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
300 МКД
4,85 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Литература
Не се согласувам, зборуваше Олга, сакам да се вратам во сонот и да се разбудам во некое друго утро, а луѓето трчаа низ правта што стануваше сè полесна...
26.
Jul.
Литература
Денеска одбележуваме 61 година од разорниот скопски земјотрес. Историјата, луѓето, архитектурата и населбите на Скопје се проткаени низ повеќе книги во издан...
26.
Jul.
Литература
За кратко време сите излегоа надвор. Децата беа по гаќи и по маица, таа по ноќница, а тие двете, двоглавата змија, стуткани до своите мажи, беа без шминка, б...
25.
Jul.
Литература
Во пресрет на почетокот на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз, се потсетуваме на успесите на нашите спорти...
24.
Jul.
Литература
Нејзината импресивна приказна ја раскажува во биографската книга „Вистините во кои веруваме“, која на македонски јазик е во издание на „Арс...
21.
Jul.
Литература
Со книжевни настани во библиотеки, книжарници и културни институции во светски рамки деновиве се одбележуваат 125 години од раѓањето на големиoт американски ...
19.
Jul.
Литература
Ви претставуваме избор со топ 5 книги што ги препорачуваме за сите млади читатели за ова лето, кои ветуваат возбудливи и незаборавни авантури.
04.
Jul.
Литература
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш...
01.
Jul.
Литература
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со А...
01.
Jul.
Литература
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 12.09 MB