Литература

Стивен Кинг открива како го напишал „Сјаење“

21.09.2023.
Стивен Кинг открива како го напишал „Сјаење“

На денешен ден, 21 септември, во 1947 година е роден кралот на хоророт – Стивен Кинг. Тој е автор на повеќе од 65 книги продадени во над 350 милиони примероци и добитник на десетици награди. Негов најпознат роман е „Сјаење“, кој беше екранизиран од страна на Стенли Кјубрик.

 

Славниот писател на хорор-приказни Стивен Кинг открива што го инспирирало да го напише продолжението на култниот филм „Сјаење“, снимен во 1980 година. Иако вообичаено не пишува продолженија, сепак долго не можел да го заборави главниот лик од споменатиот филм, момчето по име Дени. Затоа решил да ја расветли неговата понатамошна судбина.

„Сјаење“ е приказна за писател кој со семејството оди во планински хотел за да работи како чувар на хотелот надвор од сезоната. Исто така, планира да напише книга во тишината на напуштениот објект. Меѓутоа, наместо тоа, тој станува опседнат со намерата да ги убие сопругата и синот Дени.

Идејата за пишување на книгата „Сјаење“ Кинг ја добил кога бил на дводневен одмор со својата жена на планините Колорадо, во празен хотел, на крајот од туристичката сезона. Морничавиот ветер што дувал надвор и пустошот во хотелот претставувале одличен поттик за фантазијата на авторот.

„По вечерата, додека се враќав во собата, поминав покрај противпожарното црево во ходникот и си помислив, што би се случило она да се претвори во змија и да почне да ме брка? До моментот кога стигнав во собата, во главата практично ја имав цела приказна“, изјави Кинг.

Книгата е екранизирана во 1980 година во режија на Стенли Кјубрик, со Џек Николсон во главната улога.

Меѓутоа, во продолжението Кинг повторно го оживува ликот на Дени Торенс, сега веќе возрасен човек заробен од очај и алкохолизам, кој ги користи своите паранормални способности за да им помогне на оние што умираат. Но, во моментот кога ќе сретне со некој сличен нему, дете со телепатски способности, неговото минато повторно се отвора.

Како Кинг, кој и самиот бил алкохоличар, да го отвора сопственото минато, со тоа што решил да го продолжи литерарниот живот на Дени. Тој вели: „Бев љубопитен, а тоа не ми се случува толку често. Почувствував како ликот на Дени се формира во мојата глава. Го почувствував тоа затоа што зависноста е нешто што е во гените на семејството. Помислив да продолжам и да му дозволам да биде алкохоличар за да видам дали може да биде подобар од својот татко“.

За разлика од „Сјаење“, приказна што од многумина е сметана за една од најстрашните приказни, во „Доктор Сон“, Кинг читателите ги соочува со многу поконкретни ужаси, каков што е болеста, бидејќи реалноста може да биде пострашна од приказните за паранормални појави. Самиот Кинг изјави: „Се плашам од Алцхајмерова болест. Намалувањето на менталните способности е нешто што навистина ме вџасува“.

„Клучот е во тоа да создадете ликови за кои луѓето ќе се грижат. Доколку се грижите за нив, а тие се во опасност, вие се плашите заедно со нив“, изјави Кинг.

Издавачката куќа „Арс Ламина“ досега ги објави следните книги од Стивен Кинг: „Сјаење“, „Доктор Сон“, „Кери“, „Тркачот“, „Колку покрваво“, „Подоцна“ и серијалот „Зелената милја“.

Книгите на Стивен Кинг се достапни во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://www.literatura.mk/link/JqJ6M1V0i9 

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Хорор 054279
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Хорор 044847
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
570 МКД
9,22 EUR
Sačuvano u omiljne
Хорор 009022
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Хорор 008200
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Хорор 001714
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
500 МКД
8,09 EUR
Sačuvano u omiljne
Хорор 000994
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
500 МКД
8,09 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Jul.
Литература
Ви претставуваме избор со топ 5 книги што ги препорачуваме за сите млади читатели за ова лето, кои ветуваат возбудливи и незаборавни авантури.
04.
Jul.
Литература
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш...
01.
Jul.
Литература
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со А...
01.
Jul.
Литература
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
01.
Jul.
Литература
Од авторот на меѓународните бестселери „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат...
01.
Jul.
Литература
Една од најочекуваните книги оваа година, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, наскоро ќе излезе од печат во изд...
01.
Jul.
Литература
Големиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во Тирана, од срцев удар, на 88-годишна возраст. Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари ...
29.
Jun.
Литература
Летниот одмор не може да се замисли без добра книга. Книгите се одлична придружба во летните денови, поминати под сенката на плажа, во ладовина на планина ил...
05.
Jun.
Литература
Разговаравме со македонскиот автор Владо Јаневски за наградата и едицијата „Пегаз“, за процесот на пишување и конкурирање.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.32 MB