Најнови изданија

Васил Мукаетов: Чукни, чукни трипати е стихозбирка полна со духовити песни за детското секојдневие

17.05.2021.
Васил Мукаетов: Чукни, чукни трипати е стихозбирка полна со духовити песни за детското секојдневие

Еден од најплодните автори на литература за деца во земјава, Васил Мукаетов, неодамна ја објави својата нова стихозбирка „Чукни, чукни трипати“, во која, како што вели, се вметнати „духовити стихови од детското секојдневие“. Песничките се класифицирани во четири циклуси (поглавја): „Сè да се стори, да се решат домашни крстозбори!“, „Време има за сè. Не сокривај се зад ’не!‘“, „На сонце, под сенки, домашни криенки“ и „Чуено, поткажано. Нешто видено, нешто од децата раскажано ... На тема фрки и мали збрки. И по некои необични дела, од нашиве градови и села“. Книгата е во издание на „Либи, дел од „Арс Ламина – публикации“ и веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ или може да се нарача онлајн преку www.literatura.mk.

Мукаетов, воедно, неодамна објави неколку нови дела за младите читатели: „Ај погоди!“, „Што е, а што не е?“, „Од згода до згода, заграб бистра вода“ и „Мариовски сказни – Пејови приказни“. „Што е, а што не е?“ и „Од згода до згода, заграб бистра вода“ се инспирирани од творештвото на Марко Цепенков, кој има собрано повеќе од 5000 народни поговорки, пословици, легенди и народни приказни, а минатата година се одбележаа сто години од неговото творештво. Додека „Ај погоди!“ е дело во кое се бара и вклученост на самото дете со тоа што ќе ја доврши веќе почнатата песничка од авторот Мукаетов. Книгата „Мариовски сказни – Пејови приказни“ пак е збирка поезија за деца базирана на шеговитите народни приказни за најпопуларниот јунак на народното усно раскажување Итар Пејо.

Прочитајте по една песничка од секое поглавје на „Чукни, чукни трипати“ од Мукаетов:

Прв циклус: „Сè да се стори, да се решат домашни крстозбори!“

Чукни во дрво

Чукни во дрво!

Ќе чуеш често.

На прво место, возрасните.

Кога очекуваат желбите,

да им се исполнуваат.

Веруваат,

па трипати чукнуваат!

Чук, чук, чук...

Ќе чуеш

и милозвучен звук...

Возвраќа

и популарната песна.

За децата

работата лесна:

– Најнапред научуваат,

па во дрво чукнуваат.

По наше е!

Петки?

Не една, туку две.

Кога уште децата чукнуваат

и не се налутуваат?

Помалку или повеќе,

кога седнуваат

пред „Не лути се човече“!

Гледај, и ти некако,

со насмевка,

секако.

Чук, чук, чук...

и од мојот внук:

– Нека се случува,

песнава

и да подучува

Втор циклус: Не сокривај се зад „не“

Не сокривај се зад „не“

На сонце, под сенки.

домашни криенки:

Што да се прави?

Ти си на џојстик,

а треба да си на клавир.

Те чекаат учебниците.

А ти вртиш педали,

околу тревниците.

Ќе се учи географија,

порака испратија:

Без глобус и атлас,

нема седнување.

Сите деца се исти.

За шетки и игри специјалисти.

Заклучок чист.

Ниеден ден

не е ист!

Трет циклус: „На сонце, под сенки, домашни криенки“

Кој е кој?

Ти се случило ли

нашите деца

да не ги препознаеш.

Дури и од соседството.

А ќе дознаеш,

ова е смешно

само во детството!

Ене ти го Робин Худ

со зелена капа.

Па, со кошничка

во црвено – Црвенкапа.

Пред тебе шета

Пипи Долгиот Чорап,

а ти не го препознаваш

ни Пинокио, штета.

Да,

ова се нашите на сцена.

Возбудување,

здив се нема.

Сите исти,

мали артисти!

Четврти циклус: „Чуено, поткажано. Нешто видено, нешто од децата раскажано ... На тема фрки и мали збрки. И по некои необични дела, од нашиве градови и села“

Штип

Дома потсетуваат

гостите кога пристигнуваат,

децата ги штипнуваат.

А види ти:

Ако бидеш гостин

сите ли ќе те штипнат

еве овде, во Штип?

Се јавува врапче од седало:

– Не би требало!

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.97 MB