Литература

„Арс Ламина“ ги објави најпродаваните изданија за 2023 година

04.01.2024.
„Арс Ламина“ ги објави најпродаваните изданија за 2023 година
„Арс Ламина“ ги објави најпродаваните изданија за 2023 година

Новата книга од Зоран Спасов-Ѕоф, „Цепај сине“, е најпродаван наслов во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во 2023 година. Овој т.н. „толковен заебантски речник“, кој беше промовиран на крајот на октомври, за многу кратко време се искачи на врвот на листата на најпродавани книги во поголемите книжарници. Делото содржи 2.000 поими, 12 поглавја и еден непревазиѓен хумор у светот. Македонскиот.

На втората позиција е романот што годинава освои најмногу награди: наградите „Роман на годината“, „13 Ноември“, „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата. Романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ на академик Влада Урошевиќ му ги донесе и наградите автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи и автор на годината од издавачката куќа „Арс Ламина“.

Најпродаваната публицистичка книга во историјата е на третото место на листата најпродавани изданија од „Арс Ламина“. „Резерва“ е насловот на мемоарите на принцот Хари, кој за само 24 часа по објавувањето се продаде во 400.000 примероци. Зад неа е бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“, „Што ти се случило: разговори за траумите, за отпорноста и исцелувањето“ од водителката и медиумскиот магнат Опра Винфри и реномираниот експерт за трауми и мозок д-р Брус Пери, книга ќе го промени начинот на кој го гледате вашиот живот.

„Едно лето во Италија“ од Ребека Серл е романот што го одбележа летото 2023 година и се најде на петтото место на листата најпродавани изданија од „Арс Ламина“, а романот „Станот во Париз“ од Луси Фоли, во којшто авторката се осврнува на мрачната страна на Градот на светлината, каде што богатството и бедата се сместени едни покрај други. На седмото место е „Нашиот луд мозок“ од неврологот Ден Бурнет, стручна, духовите и забавна, книга што им е наменета на сите што понекогаш се прашуваат зошто родениот мозок им го саботира животот или што сега повторно смислил. На осмото место е „Џабе живиш у Скопје“ од Зоран Спасов-Ѕоф, книгата што во 2022 година беше на врвот на листата, а на деветто е „Подоцна“, последниот роман со македонски превод од кралот на хоророт Стивен Кинг. Топ 10 листата изданија од белетристика се заокружува со романот „Петминутна терапија“, психолошка книга што за пар месеци стана омилениот џебен терапевт на читателите, кој лесно и едноставно им помага во процесот да се биде најдобра верзија од себеси.

Во продолжение проследете ја целата топ 10 листа со најбараните книги за деца и млади во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, во 2023 година.

Двете нови книги од новиот волшебен серијал со палавата братучетка на Исидора Мун се најдоа во топ 10 листата со најпродавани изданија на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На врвот на листата е „Мирабела прави палавости“. Исидора и Мирабела имаа авантури и претходно, но овде првпат Мирабела Ѕвездомагиевска е главен лик.

На второто место е омиленото дуо на децата – „Дина и Додо“ и „Големата зимска боенка“. Романот на  македонскиот писател Велко Неделковски „Збунети години“ е омилена лектира на основците и се наоѓа на третото место, а веднаш по неа е и „Пајажината на Шарлот“.

На петтата позиција е „Исидора Мун и ѕвездата паѓалка“ – најдобрата другарка на сите мали љубители на волшепства, со своите црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилјата. Шестото место го држи уште една лектира „Хотел за кучиња“, што докажува дека нашите ученици сакаат да имаат петка по македонски јазик. Втората книга од новиот волшебен серијал „Мирабела ги крши правилата“ е на седмото место, а веднаш по неа е и омилениот волшебник на сите деца „Хари Потер и каменот на мудроста“. На деветтото место е сликовницата „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова, во која преку стихови и илустрации најмладите ги учат буквите. Листата ја заокружуваме со најновото издание од популарните интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Азија“.

На крајот ги листаме најпродаваните едукативни изданија од „Арс Ламина“.

На првите места на листата се прирачници за предучилишна возраст што опфаќаат содржини според Програмата за рано учење и развој од Министерството за труд и социјална политика. Според првите места, малечките најмногу ја сакаат математиката, па прирачниците „Математика 5-6“ и „Математика 4-5“ се на првото и второто место соодветно. Веднаш по нив се новите прирачници „Графомоторички вежби 5-6“, „Детска планета 3-4“ и „Графомоторички вежби 4-5“.

Листата ја надополнуваат новата вежбанка по македонски јазик за второ одделение според новите наставни програми за второ одделение, која се наоѓа на шестото место, новиот прирачник „Детска планета 5-6“ на седмото, а на осмото место се најде вежбанката со наставни листови по природни науки 5 за помош во учењето и подготовка за тестирања и натпревари. Последните две места припаднаа на новата вежбанка по општество за трето одделение според новата наставна програма и збирката по биологија со прашања и задачи со тестови и активности за деветто одделение, која го следи редоследот на наставните цели од соодветната наставна програма.

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
250 МКД
4,05 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
490 МКД
7,93 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
590 МКД
9,55 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Jul.
Литература
Не се согласувам, зборуваше Олга, сакам да се вратам во сонот и да се разбудам во некое друго утро, а луѓето трчаа низ правта што стануваше сè полесна...
26.
Jul.
Литература
Денеска одбележуваме 61 година од разорниот скопски земјотрес. Историјата, луѓето, архитектурата и населбите на Скопје се проткаени низ повеќе книги во издан...
26.
Jul.
Литература
За кратко време сите излегоа надвор. Децата беа по гаќи и по маица, таа по ноќница, а тие двете, двоглавата змија, стуткани до своите мажи, беа без шминка, б...
25.
Jul.
Литература
Во пресрет на почетокот на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз, се потсетуваме на успесите на нашите спорти...
24.
Jul.
Литература
Нејзината импресивна приказна ја раскажува во биографската книга „Вистините во кои веруваме“, која на македонски јазик е во издание на „Арс...
21.
Jul.
Литература
Со книжевни настани во библиотеки, книжарници и културни институции во светски рамки деновиве се одбележуваат 125 години од раѓањето на големиoт американски ...
19.
Jul.
Литература
Ви претставуваме избор со топ 5 книги што ги препорачуваме за сите млади читатели за ова лето, кои ветуваат возбудливи и незаборавни авантури.
04.
Jul.
Литература
Оваа „папка“ со документирани случаи кои ги разрешил Шерлок Холмс се состои од 13 раскази неповрзани меѓусебе, во кои Артур Конан Дојл уште еднаш...
01.
Jul.
Литература
Станува збор за возбудлив крими-трилер, по кој е снименa и новата телевизиска мини-серија „Јаболката никогаш не паѓаат“ (Apples Never Fall), со А...
01.
Jul.
Литература
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 12.79 MB