Литература

Литература

Извадок од „Ветената земја“ од Барак Обама: „Светот е комплициран, Бар, затоа е интересен“
04.
Aug
Со извадок од автобиографската книга „Ветената земја“ го одбележуваме роденденот на поранешниот претседател на САД, Барак Обама, кој е роден на денешен ден (4 август) во 1961 во Хонолулу, Хаваи.
Извадок од „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“ од Зоран Михајлов во чест на Олимписките игри
25.
Jul
Во пресрет на почетокот на Летните олимписки игри, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август 2024 година во Париз, се потсетуваме на успесите на нашите спортисти на најпрестижното натпреварување на светот. Неуморниот спортски новинар и хроничар Зоран Михајлов (р. 1945 г.) во својата 60-годишна кариера има присуствувано на 15 олимпијади (9 летни и 6 зимски). Во неговата книга: „Спортски стории: записи, настани и сеќавања“, издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ ги документира ѕвездените моменти на нашите олимпијци, меѓу кои и Шабан Трстена, кој пред точно 40 години го освои златниот медал на Олимпијадата во Лос Анџелес.
Извадок од историскиот трилер „Фау-2“ од Роберт Херис  - „Фау-2“ од Роберт Херис е историски трилер за нападот на Лондон во Втората светска војна
12.
Aug
„Фау-2“ е брз трилер што ја спојува фикцијата со фактите од Втората светска војна. Заедно со добро познатата историска приказна за германската ракета Фау-2, во овој роман се случува уште една, помалку позната приказна за британскиот обид за спречување на ракетните напади – со помош на алгебра.
Исмаил Кадаре – добитник на највисоката државна титула Голем офицер на Легијата на честа
17.
Oct
Францускиот претседател Емануел Макрон во својата прва официјална посета на Албанија му го врачи највисокото одликување на Француската Република на истакнатиот албански писател Исмаил Кадаре.
Истакнатиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина на 88 години
01.
Jul
Големиот современ албански писател Исмаил Кадаре почина денеска во Тирана, од срцев удар, на 88-годишна возраст. Кадаре е роден во Ѓирокастро, на 28 јануари 1936 година. Го сметаат за еден од најголемите европски писатели и интелектуалци на 20 век и за универзален глас против тоталитаризмот. Покрај тоа што беше истакнат романсиер, есеист и драмски автор, беше и академик, политичар, поранешен пратеник и потпретседател на партијата Демократски фронт.
Книга за Париз е секогаш добра идеја!
01.
Aug
„Париз е секогаш добра идеја!“ Оваа култна реплика на Одри Хепберн во филмот „Сабрина“, веројатно ја изговора секој што некогаш бил и посaкал да се врати во Париз. Но, во Париз може да се отпатува и преку уметноста, музиката, филмовите, сериите или преку книгите.  Ако сакате да заминете на незаборавно патување во француската метропола, книгите за Париз секогаш се добра идеја!
Книги за големи и мали за Ноќта на вештерките
31.
Oct
Ако ви се допаѓа жанрот хорор или крими/трилер, ве уверуваме дека ќе ги обожавате овие книги во издание на „Арс Ламина“. Дали ќе преферирате да ги читате овие приказни сами, уживајќи во уникатниот хорор; или во друштво на пријателите, во затемнета просторија за време на Ноќта на вештерките, зависи само и единствено од вас.
Книги со љубов за Скопје - на попуст од 15%
26.
Jul
Денеска одбележуваме 61 година од разорниот скопски земјотрес. Историјата, луѓето, архитектурата и населбите на Скопје се проткаени низ повеќе книги во издание на „Арс Ламина - публикации“, кои само денес се достапни со попуст од 15% книжарниците на „Литература.мк“ во Скопје, и онлајн преку https://www.literatura.mk/proizvodi/ars-lamina/popusti.
Книжевна велигденска кошница со изданија за деца од „Арс Ламина“
02.
May
Овој празничен период развеселете ги своите најмили со најшарените велигденски изданија за деца. Наполнете ја книжевната велигденска кошница со сликовници, книги и боенки, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, чии приказни и илустрации се поврзани со симболите на овој празник: јајца, пилиња, зајачиња... Овие изданија носат пораки и поуки кои се универзални.
Книжевно летно освежување од „Арс Ламина“
29.
Jun
Летниот одмор не може да се замисли без добра книга. Книгите се одлична придружба во летните денови, поминати под сенката на плажа, во ладовина на планина или за време на долгите патувања. Разладете се овие жешки денови со книжевното освежување од „Арс Ламина“.
Книжевноста во чест на Светскиот ден на театарот
27.
Mar
Во чест на Светскиот ден на театарот со книгите, потсетуваме на три значајни книги, кои се достапни во книжарниците „Литература.мк“:  монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ од  Ана Стојаноска, „Театарот и актерите од сосема друг агол“ од Нада Поп-Јорданова и „Да се почне одново“ од Драган Клаиќ. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.48 MB